Политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој во дебатите ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека нема да гласа на претседателските избори на 21 април, односно на 7 мај.

На ова пратеникот Павле Богоевски му возврати дека го поттикнува бојкотот на претседателските избори, односно апстинирањето на гласачкото тело во вториот круг со цел да не се избере нов шеф на државата, односно како што истакна претставникот на владеачкото мнозинство, да не се дозволи Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ да победи.

Со оваа одлука Пандов ги подгреа сомнежите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика членството на бојкот, доколку по првиот круг увиди дека нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова не може да го победи Пендаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде