Момчињата на 22 годишна возраст на 30 декември запалиле скара во планинска куќичка , во сопственост на еден од нивните дедовци , кога наеднаш избувнал пожар. Еден од нив во изјава за медиумите вели дека му е жал , но тие не се одговорни за штетата на шумата.

Смета дека со ваквата висока казна тие се ставени во улога на ,,жртвени јагниња” , бидејќи до сега немало толку висока казна. ,,веднаш ги известивме пожарникарите и дадовме се од себе за да го изгаснеме пожарот.” , изјави еден од студентите.

Пожарот, меѓутоа , се рашири на 1 000 хектари и гореше неколку дена. Според медиумите, законската казна за пртедизвикување пожар е од 118 до 593 евра по метар квадратен , па затоа студентите требало да платат казна од 8 до 40 милиони евра.

Обвинителството побара да платат 13,5 милиони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде