Лука Циндриќ е на добар пат да стане најскап ракометар во историјата откако ПСЖ и Барселона влегоа во трка за да го доведат хрватскиот ас во своите редови. Весникот „Вечерњи лист“ тврди дека „светците“ од Париз водат во оваа трка, откако подготвиле понуда од неверојатни четири милиони евра за да го доведат Циндриќ во своите редови.

Трансферот би се реализирал на барање на Раул Гонзалес, кој соработуваше беспрекорно со Циндриќ во Вардар, заедно освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите. ПСЖ во своите редови на среден бек го има Норвежанецот Сагосен, а ангажманот на Циндриќ ќе биде уште поголема демонстрација на финансиската моќ на францускиот првак.

Сумата од четири милиони евра ќе биде доволна за решавање на финансиските проблеми на Кјелце, па газдата Бертус Сервас многу тешко ќе одолее на оваа понуда на клубот од Париз. Воедно, со овој трансфер ПСЖ би го урнал светскиот рекорд за најскап трансфер што е сопственост на истиот клуб од ангажманот на Никола Карабатиќ од Барселона за два милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде