Во извештајот на Европската комисија за патувања, за ѕвезда на Медитеранот е прогласена  Црна Гора во првиот квартал од 2019 година.

Според европската статистика, во првите три месеци земјата остварила раст на ноќевањата  за 29% и 49 % поголема посетеност, пишуваат медиумите во регионот.

Јутарњи лист пишува дека ова веројатно треба да укаже на тоа дека Црногорците ќе ги надминат Хрватите, но наведуваат дека и покрај сите компаративни предности, Црна Гора тешко може да се справи со хрватскиот туризам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде