Директорот нс Јавното претприемништво „Морско добро“, Предраг Јелушиќ вели дека летово нема да има шаренила како минатите години – рекламни чадори за сонце, разни бои и дезени, кои го уништувале изгледот на најубавиот дел од крајбрежјата, а закупците ќе мораат строго да го почитуваат правилото кои налага половина од плажите да бидат без лежалки и чадори за сонце, за гостите со пешкири.

-Новост е тоа што после 17 часот капачите нема да мораат да плаќаат употреба на лежалка и чадор за сонце, што досега беше задолжителен „влез“. Комуналната хигиена ќе биде подигната на поголемо ниво – истакнува Јелушиќ.

Инаку, професорот на туристичкиот факултет во Будва истакнува дека плажите на југот од Црна Гора стануваат се потесни за капачите. Во шпицот на сезоната за гости-капачи остануваат едвај два-три квадратни метри плажа, иако светските стандарди се поинакви – од 5 до дури 8 квадратни метри.

Директорот на „Морско добро“ вели дека тоа резултат на урбанизацијата која зафаќа огром,ни размери.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде