Нов голем проблем за Јувентус. Кристијано Роналдое повреден, засега не е познато за каква повреда се работи. После дополнителните тестови ќе биде откриено колку време ќе биде отстутен.„Старата дама“ оваа сезона беше елиминирана од Купот на Италија, а првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико го загуби со 2:0. Сега под голем знак прашалник е ставен настапот на Роналдо во дербито на колото во недела против Наполи, а според медиумите на „Чизмата“ не е сигурен ниту за реваншот со Атлетико кој е закажан за 12-ти март. Оваа ситуација ги загрижува сите во клубот, како и навивачите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде