Турци се заинтересирани да инвестираат во Македонија.

Бизнисмени од Нусајбин, в среда доаѓаат во Скопје. Тие ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО).

Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми.  На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.

„Земјава ќе ја посетат компании од повеќе области: градежништво, прехранбена индустрија, трговија, текстил, мебел, земјоделство,… Тие се заинтересирани за соработка и воспоставување партнерства со наши, македонски фирми. Денешната економија на Нусајбин е поврзана со стопанските активности и трговијата во Сирија. Но, Нусајбин е исто така и трговски и административен центар за локалното земјоделство“ – велат од МАТТО.

Месецов, МАТТО најавува уште една делегација, од Амасија, црноморски регион. Во делегацијата ќе доминираат компании од прехранбената индустрија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде