Дисциплинската комисија на УЕФА отвори случај против тренерот на Атлетико, Диего Симеоне за неговото однесување на дуелот против Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.

По голот на Хименес за водство од 1-0, аргентинскиот стручњак се сврте кон трибината држејќи се за гениталиите и на тој начин го прослави погодокот. Потоа објасни дека не сакал да навреди, туку да покаже дека неговите фудбалери се храбри, но тоа не допре до УЕФА.Но, во целата работа изненадува тоа што е почната постапка и против тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Во објаснувањето стои дека тој е виновен за одложување на почетокот, веројатно на второто полувреме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде