Заврши  Хопман Купот, во кое втора година по ред победи двојката од Швајцарија, Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ.

Поразениот Александар Зверев, кој играше заедно со Анжелик Кербер, се погрижи да ја направи церемонијата на доделување на трофеите екстра забавна. Со оглед на тоа што претходно го загуби сингл мечот со Федерер, младиот Германец се пошегува на сметка на тенискиот ветеран, кој и на 37 години се наоѓа во светскиот врв.

„Ние играчите сме уморни од тебе, Рафа и Ноле, но што да правиме. Особено од тебе Роџер… ти имаш 30 и нешто години… сеедно. Зошто? Дозволете и ние да освоиме еден трофеј. Барем Хопман Купот, само еднаш…“ , низ смеа рече Зверев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде