По појавувањето на еден куп портали, кој „спална портал“ кој од некоја друга земја (неможејќи никој ништо да реагира) и покрај еден куп измислени приказни сеуште ЗАКОНОТ ЗА РАБОТАТА НА ПОРТАЛИТЕ не е дефиниран од Министерството за Информатичко општество и Агенција за аудиовизуелни медиуми. Затоа се додека не се реши овој проблем и се донесе закон да се знае кој може а кој не да работи со медиум и да правилно и вистинито ја информира јавноста дотогаш ќе има еден куп проблеми кај јавноста бидејќи НИКОЈ ЗА НИШТО НЕ ОДГОВАРА….

Пример вчеравечер неколку портали за кои јас сметав дека се СЕРИОЗНИ се покажаа дека се „дно – дна“ па така во 23 часот објавија дека со 63 гласа е одземан пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски кој воопшто не се ни случи, понатаму имавме еден куп СЕНЗАЦИОНАЛНИ наслови од типот на „Пронајдено тело на мртов таксист“, „Пронајдено тело за продажба на органи“, “Мајка од Кочани украла кола, па ја подарила на дечко си“, за кој случај ние воопшто не пишувавме бидејќи кога се јавивме кај помошник министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски само кусо ни изјави:

  • „Таму нема ништо расчистено, мајка на ќерка украла кола јас слушнав од само еден медиум кој ми побара информации, но бидејќи случајот е префрлен во ОЈО Скопје неможам да шпекулирам и затоа ВООПШТО не е ставен во билтенот на МВР до медиумите. Оттука е дилемата од каде нашиве драги колеги дојдоа до такви „бомба“ наслови и иформации, кога и да е така – крвно сродство мајка – ќерка неможе да биде кражба“. ПРЕС ЦЕНТАР исто така тврди дека иако сите имаат пишано дека возилото е вратено на сопственичката, возилото не е вратено. Очигледно самите полицајци од ПС Кочани се подобри известувачи оттколу овластените портпароли на МВР. Вмешано беше и име на Нотар, зошто не објавивте имиња и презимиња на „оштетена, крадец, љубовник, нотар“?! Бидејќи немате информации драги колеги туку сте ЖЕЛНИ за клик повеќе за да соберете „публика“ ама таа публика како што знае да стисне „LIKE“, така може и да оди на копче DISLIKE. Сите сме свесни дека можеме да „бомбардираме“ со вести, но тие вести да се ДЕНЕШНИ и ВИСТИНИТИ. Ве интересира што било пред пет или десет дена? Или нема што да се пишува па ајде ќе измислуваме топла вода – „колеги“….  измислена е!

Да ве прашаме и нешто друго. Според нашите информации настанот се случил на 17 или 18 Февруари а Вие драги колеги направивте „вест“ на 22.02.2019 година. Вест е нешто што било пред 5 (пет) дена? Каде ли учевте НОВИНАРСТВО живти кариера…..

Каде е пресумпцијата на невиност кај луѓето, каде е нашиот морал, каде е нашиот професионализам, или сакаме да глумиме „медиуми“ за „ЛАЈК“.

И на крај краева кој Вам ви даде право да ЖИГОСУВАТЕ ЛУЃЕ пред да ја знаете вистината. Ако не сте новинар, барем посетете некој курс по новинарство да знаете ВСУШНОСТ што значи да ИНФОРМИРАШ ЈАВНОСТ!

Се срамам/име што сме НОВИНАРИ, бидејќи занаетот ни го земаа и Економисти, доктори, автомеханичари, автолакери и слични на нив. Да се запрашаме доколку ние како НОВИНАРИ отидеме во операциона сала и уништиме нечиј живот а тоа секако, тогаш кој ќе е крив?

Јадна, Жална и „Сензационална“ Новинарска Северно Македонска фела.

Под ИТНО Бараме закон за ЕЛЕКТРОНСКИТЕ МЕДИУМИ – ПОРТАЛИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

Уреднички колегиум Прес Центар

Здружение „Седма сила“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде