Немил настан се случил во хрватски Сплит, откако четири луѓе во опрема на Црвена Звезда биле нападнати од локални хулигани.

Гостите во попладневните часови се шетале на сплитска Рива, па биле нападнати од пет луѓе, многу веројатно поради обележјата на белградскиот клуб. За да се спасат почнале да бегаат, а еден од нив бил приморан дури и да се фрли во морето.

Според „Далматински портал“, се работи за играчи на ватерполо клубот на Црвена Звезда, кои ги чека натпревар против Сплит.

Засега, нема повеќе информации на оваа тема, ниту, пак, се огласиле од клубовите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде