Авион во Саудиска Арабија беше принуден да направи круг и да слета веднаш по полетувањето за Куала Лумпур кога на една од патничките ѝ текнало дека го заборавила бебето во чекалницата.

Локалните медиуми објавија снимка на која јасно се слуша гласот на пилотот, кој бара дозвола од контролорите на воздушниот сообраќај да се врати на аеродромот во Џеда.

„Нека Бог биде со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатаму да правиме? Патничка го заборавила своето бебе во чекалницата“, се слуша гласот на пилотот на снимката.

Кога контролорот побарал од пилотот да го потврди тоа што го кажал, тој му одговорил дека патничка го оставила своето бебе на терминалот и дека одбива да продолжи со патувањето.

Операторот потоа им дал дозвола да се вратат на меѓународниот аеродром „Кралот Абдул Азиз“. „Добро, вратете се на терминалот. Ова е сосема нова ситуација за нас“, рекол контролорот на летот.

Луѓето што патувале од Џеда во Куала Лумпур веднаш објавиле на социјалните мрежи за настанот. Британскиот весник „Сан“ ја пофали реакциата на пилотот, а други жестоко дебатираат за невниманието на мајката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде