Деновиве стана повторно актуелна приказната за Македонецот Борче Ристевски(54) кој брутално си ја уби сопругата во Австралија, а дури сега го призна убиството.

Борче се изјасни за виновен на судењето во Мелбурн и призна дека ја убил својата 47-годишна жена Карен од Австралија, потоа го ставил телото во автомобил, ја однел до грмушки и ја фрлил, па го камуфлирал телото со листови.

Претходно негираше вина и велеше дека се карале за пари, а Карен излегла да прошета и да ја разбистри главата, па исчезнала.

Најчудното во приказната е што Борче се појави на погребот на Карен откако и го најдоа телото и плачеше и кукаше, се однесуваше ко да е во неверување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде