Министерот Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Хрватска, Давор Божиновиќ денеска ги посетија полициските службеници од Република Хрватска, кои спроведуваат заеднички патролни активности со нашата полиција на државната граница со Грција.

-Сакам да му се заблагодарам на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, на министерот Давор Божиновиќ, за големиот придонес во обезбедувањето на државната граница, што заеднички успеавме да се справиме со мигрантската криза. Хрватска беше првата држава која на билатерална основа упати полициски сили на јужната граница. Ова е пример како треба заеднички да ги решаваме предизвиците што стојат пред нас- рече министерот Спасовски.

Партнерството со хрватското министерство за внатрешни работи, потенцира министерот Спасовски, за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е од исклучително значење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде