Налутен маж искршил пет автомобили, а се обидел со багер да ја сруши и сопствената куќа во градот Генд во Холандија. Иако информацијата не е официјално потврдена, сепак, според сведоци до инцидентот дошло после кавга меѓу напаѓачот и неговата сопруга со која се разведувале.

При инцидентот за вистинско чудо нема настрадани, а жената успеала да излезе навреме пред нејзиниот 56-годишен разбеснет сопруг да почне да руши сè пред себе.

ој пред да почне да го уништува покривот на куќата уништил и BMW X6, Peugeot Partner, Opel Vivaro и уште неколку други автомобили кои биле паркирани во близина на куќата.

Полицијата успеала да интервенира навреме за да спречи поголеми проблеми односно да спречи да бидат искршени уште повеќе автомобили од разбеснетиот маж кој на крајот завршил во болница.

Според соседите куќата се продавала, а до кавгата дошло откако мажот се појавил со својата љубовница, па потоа следувале настаните при кои најтешкиот крај го извлекле петте возила и куќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде