Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го запиша и својот 12-ти гол сезонава во дресот на Палермо овој пат во триумфот од 1-2 на гостувањето против Беневенто во 32. коло од Серија Б.

Несторовски погоди за водство од 0-1 во 42. минута откако прекрасно беше проигран од Мате Јајало…

Палермо до крајот стигна и до 0-2 со голот на Пушкаш во 81. минута. Несторовски одигра 75 минути на дуелот, а Александар Трајковски остана само на клупата за резервни фудбалери. Домашните во финишот успеаја да постигнат само почесен погодок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде