Папата на претседателот Салва Кир, на неговиот поранешен заменик и лидер на бунтовниците Риек Мачар и на тројца потпретседатели им порача да го почитуваат примирјето кое го потпишале и да се посветат на формирање на влада на национално единство следниот месец.

„Ве молам како брат да останете во мир. Ве молам со моето срце да тргнеме напред. Ќе има многу проблеми, но тие нема да нѐ победат. Решете ги своите проблеми“, рече папата Франциско.

Лидерите беа шокирани од гестот на 82-годишниот папа, кој со помош на асистент клекна и ги бакна чевлите на двајцата завојувани лидери и неколку други лица во просторијата.

Зборовите на папата се изговорени во контекст на напнатоста поради државниот удар во соседниот Судан, што се одржа во четвртокот и кој може да го поткопа нестабилниот мировен договор со кој се стави крај на пет-годишната граѓанска војна во Јужен Судан.

Ватикан ги собра јужносуданските лидери на целодневна молитва и проповеди во резиденцијата на папата, во обид да се намалат разликите на спротивставените страни, еден месец пред формирањето на влада на национално единство во земјата разорена со војната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде