На Балканот често пати сме сведоци на урнебесни ситуации на фудбалските терени, а сега една таква ни доаѓа од Хрватска.

Во натпреварот на островот Хвар помеѓу Леванда и Ватра натпреварот беше обележан со неверојатни сцени какви што досега не сме виделе.

Дел од резервните фудбалери и навивачите покрај аут линијата си правеа скара. Скарата стигна и до голманот, а тој циркузот го продолжи со тоа што го ранеше кучето во текот на натпреварот.

На видеото кое се појави се гледа дека голманот по име Стефан Дулќиќ во еден момент додека јаде се „сецнува“ затоа што противниците тргнале во напад, но за негова среќа неговите соиграчи го решиле проблемот, па не мораше да се мачи да интервенира со сендвичот во рака…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде