Да луѓе, ако порано беше изреката ќерко/сине „Да ја закопаш секирата во мед“ демек да се мажи или жени во финансиско помоќна фамилија демек тогаш си ги средил сите работи.

Арно ама како и на секоја приказна така и таа има КРАЈ. Ќе ја „лупнеш“ секирата во мед,бе другар, а шу прајме со децана? Се раѓаат болни со куп здравствени проблеми, па се бара чаре по бајачки, гатачки, лекари …Така да не ја „закопувајте“ секират во мед.

Кога сме кај машкиве ороспии (барем јас така си ги викам) ДОМАЗЕТОВЦИТЕ, многу пати сум се запрашал КАКО СПИЕТЕ бре во куќатана жената, кај што БАБА и ДЕДО (нели по прописи некои така се викаат мајката и таткото на жената), не ми е јасно нели имате ГРАМ МАШКОСТ во Вас самите да глумите „среќни“ а кровот на главата ти виси и ти свири дедо ти и бабати а ти пееш ко врапче заклано. Најверојатно и еден лик од кочанската полиција (меѓу првите кочански пендраци) е еден од именуваните бидејќи нему информација по допрен глас не го интересира, го интересира како ќе се НАХРАНИ и како ќе ШПИОНИРА „сограѓани“ дека некој му најавил некоја информација, но нема да објаснуваме многу, работата ќе си ја заврши внатрешната контрола во ова министерство. Знаете фрустрациите дека си домазет, предизвикуваат трајни оштетувања на сивата материја во главата ( доколку ја има).Симптомите од домазетл`кот се: комплекс на ниска вредност, дома не говори, на улица не можете да го сопре, чека некому да му подвали, гледа само беља да продуцира. Домазетски синдром-ни работи врше, ни ат`р крше. И после не не бивало, ни бил крив Заев, ни бил крив Грујо, Мицко, Амди … Не бе другари никој не ни е крив освен ние самите. Ние бираме со кого живееме или ќе живееме, ние бираме што збориме па и дома пред кого што и како, ние креираме некои работи за кои свесно или не последиците се на наша сметка на крај. Затоа се додека не се опрајме и не го смениме барем малку нашиот посран менталитет од нас не само што нема да биде луѓе, туку нема ни да постоиме. Уште колку ли има да се пишува на оваа тема, ама ај доста е за денес, следниот СТАВ ќе биде со епилог од напишаното.

Не е крив ѓаволот, проверете си можеби тој истиот ви е дома или во Вас, ќе си оди тој кога ќе сака поточно кога ќе најде нова овца можеби.

За крај не ми преостанува ништо друго освен да Ви ја пуштам песната:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде