Дваесет и петгодишно момче од Виница било донесено со повреди во болница, поради удар кој му бил нанесен со палета.

Како што соопшти МВР, 45-годишен маж од Виница, управувајќи вилушкар во фабрика, со палета го удрил момчето и му нанел повреди.

Увид извршила екипа од Полициската станица Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде