Како што претходно вети, концертот беше повеќе музика, а помалку муабет, но сѐ што кажа беше дел од една интересна приказна за публиката. „Да ви признаам нешто. Љубев површни, љубев погрешни, но не жалам“, рече надоврзувајќи се на песната „Еден бакнеж“. Владо раскажа и една семејна случка.

„Моите внуци знаат дека вујко им е тапа за интернет. И секогаш, за сѐ што зборуваат за мене на Твитер или на други социјални мрежи, тие ми пренесуваат. Имаше тука интересни муабети, но најдобар беше оној кога еден дечко бара совет како да си фати девојка и му одговараат: Кога Владо Јаневски, кој е геј може да има десет девојки, можеш и ти“, рече низ насмевка Владо најавувајќи ја песната „Десет девојки“.

Кога почна да ја пее песната ,,Булки” го потенцираше делот ,,Други лажно ќе се фалат, кобајаги песни сум им пишувал” алаудирајки на Дунавка, која јавно тврдеше дека му е девојка на Владо и дека тој и посветил многу песни. Владо по оваа нејзина изјава, кажа дека тие воопшто не се заедно и никогаш не ни биле…

Потоа продолжи…

„Кој ќе се жени и кој ќе се мажи оваа година? Еве ја свадбарската песна, онаа со која се отвараат свадбите. Рачунајте дека однапред сум ви ја испеал на сите“, рече Владо најавувајќи ја „Од овој ден“. Претходно, тој во едно ТВ интервју изјави дека ги одбил сите покани да настапи на свадба со оваа песна.

Еден мал дел од убавата вечер беше и новата песна, „Отако си негова“, која е стара неполн месец, а веќе, според тоа колку публиката со мерак ја пееше, има добри шанси да стане евергрин како и претходните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде