Голем пожар претпладнево изби на ридот кај местото Деблениште помеѓу селото Усје и населбата Пинтија во Скопје.  Три пожарникарни возила со седум пожарникари неколку часа се борат со огнените јазици кои потпомогнати од ветрот, лесно се прошируваат на различни места.

Пожарникарите со возила одат од едно место на друго со цел да ја локализираат огнената стихија, бидејќи станува збор за тешко пристапен терен. На лице место излезе и градоначалникот на Кисела Вода.

Како што соопштуваат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило. Од ЦУК и информација дека пожарот над село Буковиќ е локализиран. Активен е дел од пожарот меѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за спречување на евентуално проширување на огнената стихија кон селата. Досега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден.

Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде