Пржена храна, колачи, вафли и бонбони повеќе нема да бидат присутни во менијата во градинките за деца во соседна Бугарија. Но, исто така овој тип на храна нема да се подготвува ниту во детските домови и детски кампови.

Забраната е воведена како промена во Уредбата за здрава исхрана на деца на возраст од 3 до 7 години, објавија бугарските медиуми.

Новите менија обезбедуваат најмалку три вида свежо овошје и свеж зеленчук неделно, ајран без додадена сол и џем со екстра квалитет. Децата нема да можат да јадат морска храна, како што се школки, ракови и лигњи, ќе биде дозволена само риба.

Досега правилата за здрава исхрана во згрижување дозволуваа прием на пржена храна, како и на колачи, пасти, вафли и бонбони до два пати неделно. Во проектот на овој правилник престанува можноста за слатките производи, а пржена храна се забранува.

Се воведува и услов децата да јадат барем по 3 видови свежо овошје и уште толку вида свеж зеленчук неделно, а ужинката пред пладне веќе ќе може да биде и од зеленчук, но без додадена сол или шеќер.

Во новиот вид на храна за градинките, домовите и детските кампови за деца од 3 до 7 години се воведуваат но и се ограничуваат додадените масти.  Ќе има ограничување за користење при подготовка на храната и за употребата на сол и шеќер.

Според новите правила децата треба да консумираат интегрални производи барем 5 пати во неделата, да јадат џемови и мармалади само со екстра квалитет, сирење, кашкавал и урда – само од кравјо млеко, а месото да нема масти и да не е обработено на друг начин, освен ладно.

Подготвеното мелено месо, ќофтињата и ќебапи нема да биде дозволено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде