Во Минхен денеска почна судскиот процес против германска државјанка , која во 2014 им се приклучила на џихадистите од ИД во Ирак .

27 . годишната Џенифер В. од местото Лохне во покраината Долна Саксонија е обвинета за учество во терористичката ИД , злосторство против човештвото и убиство на едно петгодишно девојче. Германката делувала во ИД како припадничка на т.н. полиција за морал и ги предупредувала жените кои не биле облечени според исламските обичаи.

Таа во 2015 на еден пазар за робови купила петгодишно девојче , која била припадник на христијанската верска заедница , кои заедно со другите преживеани , биле продавани на пазар во окупираните подрачја. Потоа Германката и нејзиниот сопруг го врзале девојчето и го оставиле на сонцње за да ја казнат зашто се измокрила во креветот. Девојчето починало од жед по ваквото казнување.

Меѓу тужителите е и мајката на убиеното девојче ,која е застапувана од британската адвокатка , Амал Клуни .

Германката пребегала од ИД во Турција од каде во 2016 е екстрадирана во Германија. Таа била уапсена минатата година кога се обидела од Германија да пребега и да се врати на територијата контролирана од ИД.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде