Хрватска во првата недела од јули забележа 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период лани.

Според порталот Index.hr, падот на доаѓањето на гостите е забележан во сите земји, а најслабо е во приватното сместување.

12% се помалку пристигнувањата и речиси 20% помалку ноќевањата од германскиот пазар, што е најважно за Хрватска кога станува збор за туризмот.

Во првата недела од јули 2018 година, во Хрватска дошле 1.094.199 гости, а оваа година 1.004.139.

Најголем пад има на гостите во апартманите, и значително е намален бројот на чешки, полски и германски туристи.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде