На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката „Прдејци“, во попладневните часови на 11 март полициски службеници запреле комбе, управувано од 21-годишник од Косово, а во сопственост на 28-годишен жител на Арачиново.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.

Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил уапсен и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде