Лука Дончиќ нема да биде дел од Ол-Стар викендот, затоа што медиумите и навивачите немаат многу добро мислење за него, и покрај тоа што тој по ефикасност е зад Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.

Европскиот кошаркар за шпански „Мовистар+“, зборуваше за разочарувањето од гласањето, и разликата помеѓу НБА и европската кошарка.

„Тука во НБА е полесно да се даваат кошеви отколку во Европа. Таму теренот е помал, а тука има правило три секунди. Мислам дека е полесно да се даваат поени“, вели Дончиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде