Во Њујорк се организираат „морбили забави“ за невакцинираните деца, со цел да се изложат на нив.

– Во минатото луѓе правеле забави за да ги изложат своите деца на сипаници. Сега живееме во поинаков свет. Има сериозни последици од ова – изјавил комесарот за здравство на Њујорк, д-р Оксирис Барбо.

Сериозните последици кои може да настанат се губење на коса, нарушување на мозокот и смрт.

– Како лекар и мајка, морам да ве предупредам дека изложувањето на невакцинирани деца на морбили е многу опасно и може да заврши кобно. Ги повикуваме сите да ја избегнат оваа практика – изјавила заменик-градоначалничката Херминија Палацио.

Минатиот месец, гувернерот на Кентаки, Мет Бевин признал дека намерно ги изложил сите свои девет деца на сипаници преку „забава“ наместо да ги вакцинира.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде