За Лунарната Нова година, Северна Кореја, наместо да си подаруваат чај, слатки или џемпери, граѓаните  си разменуваа метамфетамин моќен стимуланс што се смета за виновник за здравствената криза и епидемијата на болести на зависност низ светот, но Владата негира дека нејзините граѓани користат или произведуваат метамфетамин, појаснувајќи дека се работи за наводно стар обичај.

Подарувањето и консумирањето метамфетамин, моќен стимуланс што се смета за виновник за здравствената криза и епидемијата на болести на зависност низ светот, во Северна Кореја се смета за стар обичај

Како и многу други во Источна Азија, луѓето од Северна Кореја минатиот месец разменуваа подароци за Лунарната Нова година. Но наместо да си подаруваат чај, слатки или џемпери, жителите на овие осиромашени, изолирани земји разменуваа метамфетамин.

Луѓето го внесуваат интравенозно или назално, исто толку опуштено како да запалиле цигара, без никаква свест за неговите деструктивни ефекти.

Метамфетаминот, до неодамна, во Северна Кореја се сметаше за вид моќна енергетска дрога, нешто како ред бул само посилно, изјави Андреј Ланков, експерт од Универзитетот „Кумкин“ во Сеул, Јужна Кореја. Оваа заблуда, додава Ланков, го илустрира „големото потценување“ на ризиците што ги носи злоупотребата на недозволени супстанции.

Метамфетаминот на Корејскиот Полуостров пристигнал во времето на колонијализмот, кога Јапонија владеела со Кореја, а од 1970-тите години голем број севернокорејски дипломати биле уапсени за шверц на дрога, пишува Њујорк тајмс.

Во северниот дел во деведесеттите метамфетаминот почнал да се произведува за извоз. Метамфетаминот вообичаено се праќал преку границата во Кина, или по морски пат им се доставувал на криминални организации како кинеските Тријади и јапонските Јакузи.

Во средината на 2000-тите, производството на метамфетамин, кое Владата почна да го финансира во 1990-тите, почна да опаѓа. Така се создадоа вишок луѓе кои можат да произведат метамфетамин и кои потоа го пласираа на домашниот пазар.

Во услови на хроничен недостиг на адекватна здравствена нега во Северна Кореја, има се повеќе луѓе кои опијатите и стимулансите во вид на амфетамин ги доживуваат како алтернативни лекови. Владата на Северна Кореја долго време ги негираше тврдењата дека нејзините граѓани користат или произведуваат метамфетамин.

-Илегална употреба, препродавање и производство на недозволени супстанции кои луѓето ги сведуваат на ментални инвалиди не постојат во Северна Кореја, соопшти државната новинска агенција во 2013 година.

Но експертите велат дека обичајот на подарување метамфетамин во Северна Кореја каде што тој се нарекува пингду -во суштина е јавна тајна, а особено е популарен меѓу младите луѓе.

Теодора Ѓупчанова, истражувачка од Центарот за човекови права во Сеул, вели дека многу дезертери од Северна Кореја со кои центарот разговарал за метамфетамин во 2016 година зборувале за многу популарниот подарок за родендени, дипломирања и празници како што е Лунарната Нова година.

Ланков додава дека приказните за подарување метамфетамин биле многу чести и кога тој интервјуирал дезертери во 2013 година за истражување за користење недозволени супстанции во Северна Кореја. Тој додаде дека подоцна и оние кои пребегнале од Северна Кореја се помалку зборувале за метамфетамини, што укажува на тоа дека употребата на недозволени супстанции веројатно опаднала.

Иако метамфетаминот во Северна Кореја официјално е илегален, неговиот проток функционира како да се работи за сосема легална супстанција, затоа што „функционерите примаат мито за да замижат и затоа што државата индиректно профитира од синџирот корупција, кој се протега се до самиот врв“, вели Џастин Хејстингс, политиколог од Универзитетот во Сиднеј, Австралија.

Грег Скарлату, извршен директор на Комитетот за човекови права во Северна Кореја, тинк-тенк организација со седиште во Вашингтон, вели дека режимот на Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, ги насочува сите достапни ресурси кон развој на нуклеарно оружје, но и на домашните елити им овозможува пристап до луксузни стоки.
Се додека користењето нелегални супстанции не претставува закана за режимот, туку ги затоплува умовите на севернокорејскиот народ, Владата ќе дозволува тоа да продолжи, вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде