Македонската ракометна репрезентација беше на чекор од нова победа над Исланд, но за разлика од мечот пред четири дена кога во завршницата погоди Манасков за голема победа, изминатава вечер тоа го направија гостите кои се изборија за бод со реми од 24:24.

Избраниците на Данило Брестовац можат да бидат презадоволни од освоените три бода во двата меча со Исланд, а во ситуација кога и двете селекции се пред пласман на Европското првенство, посебно внимание привлече анализата која ја направи тренерот на „рибарите“ за домашните медиуми.

– Навистина сум задоволен од тоа како се имплементиравме во тешка ситуација, тимот покажа неверојатна сила и се справи во тешки услови. Игравме на многу тешко место, навистина не е лесно од Македонија да си заминете со бодови. Публиката во оваа земја е звучна и незгодна, а како домаќини им е дозволено да имаат подолги напади. Исто така треба да се потсети дека не добивме ниту еден пенал во текот на мечот. Ова што се случи во Скопје е вистинска реткост, не паметам натпревари на кои се случило ова, – порачал за исландските медиуми, Гундмундур Гудмундсон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде