Во 100 милилитри вода од Хидросистемот “Злетовица“ има 1.500 бактерии “Ешерихија коли“.100 милилитри вода од хидро-финансиската утка е еднакво на биолошка бомба.Дека толку па и повеќе бактерии во 100 милилитри содржи водата од овој хидро систем, граден за потребите на дел од општините на истокот, потврди анализата на Институтот  за јавно здравје на Република Македонија.Анализата е направена во јуни оваа година, а за  “Presscentar“, ги достави граѓанскиот активист од Штип Трајче Митев. Тој поради заштита на населението и спречување на ширењето на малигни заболувања во општините каде што се дистрибуира вода, покрена иницијатива општините да се откажат од користењето на водата.Покрај тоа што водата од системот “Злетовица“ има  екстремни количини на бактерии, истата во сите хемиски параметри не ги задоволува стандардите за преработка. Митев истакна дека ИНститутот водата од “Злетовица“ е  одредена како вода од 4категорија.

Според Митев тоа значи дека водата не е за преработка и за пиење, а се препорачува и да не се употребува за наводнување.Со оглед на фактот дека во тој ареал пред 50-тина години се откриени наоѓалишта на ураниумова руда, и тоа на неколку позиции, водата има покачени вредности на радиоактивност.Фактичка поткрепа Митев има не само во геолошката литература , туку и во фактот што бројот на заболени од канцер во Св. Николе не се намалува, туку се зголемува, а слични се состојбите и во Пробиштип.Граѓаните на овие да града,пијат вода од “Злетовица“.Митев во својата иницијатива ја повикува државата јавно да се произнесе  за состојбите со водата во ХС “Злетовица“, во која пари вложуваше царството Јапонија, а се разбира и Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде