Под влијание на висински циклонски систем од вечерва па во следниот период следува значително понестабилна атмосфера па така особено сега во вечерните часови па натаму на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради големата енергија која ќе ја има во атмосферата процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање што значи топлото време со летни температури и понатаму продолжува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја поради тоа што и тоа како атмосферата е загреана и исполнета со енергија поради топлотниот бран што изминативе денови ја зафати нашата држава. Во моментов најризично е во Крива Паланка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде