Вооружена група за која се претпоставува дека припаѓа на наркокартелот Санта Роса де Лима, постави снимка од масакр на противничка банда, која најверојатно била дел од картелот Наилско Ниева Хенерасион.

Снимката е направена со камера од шлемот на еден од напаѓачите, а го прикажува молскавичниот напад во еден автомобилски сервис, во кој се убиени пет лица од градот Гванахауато.

Нападот започнал со пукотници од пушките додека напаѓачите пристигнале со теренци. Добро вооружените криминалци во панцири потоа организирано, искочиле од пикапите и од непосредна близина ги ликвидирале ранетите бранители покрај вратата. Потоа со автомобилите ја разбиле вратата од гаражата на работилницата и влегле внатре.

Еден од нив, најверојатно лидерот, носел „GoPro” камера на шлемот и наредил јуриш после почетните рафали, а изгледа дека “операцијата“ не била целосно успешна бидејќи им побегнал шефот за “испорака“, пишува „Дејли Меил“.

Двата картели се во војна од 2017 година, а лидерот на Наилско Нуева Хенерасион е поранешен соработник на озогласениот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој неодамна во Њујорк беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија меѓу кои организиран криминал, перење пари и трговија со наркотици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде