Дали Жозе Мурињо ќе се врати на клупата на Реал?

Ситуацијата и понатаму е неизвесна, иако сите беа сигурни дека во понеделник би требало да го наследи Солари.

Сепак, денеска шпанските медиуми пренесуваат дека тој поставил речиси невозможни услови.

Имено, тој бара од Перез да ги продаде Рамос, Бејл, Бензема и Марсело кој веќе е на излезни врати.

Колку и да делуваат овие вести чудно, во Шпанија веруваат дека Перез мора да спроведе револуција, но дека е невозможно да се ослободи од Рамос, како и тоа дека Бензема и Бејл имаат цврсти договори и не сакаат да го напуштат Мадрид.

Наводно, Мурињо верува дека вистински пресврт нема да има се додека клановите на тресат соблекувалната и верува дека Реал би требало да започне со создавање на нов тим.

Тој со задоволство би прифатил да пристигне Нејмар за кого Перез смета дека единствен може да ја пополни дупката по заминувањето на Роналдо.

Но, отказот на Рамос би чинел 50 милиони, ако Реал го исплати, а тој е вистински лидер на соблекувлната што го покажа во расправијата со Перез.

Тие двајца разговараа, но односите се ладни, сега се споменува дека Перез сепак ќе се обиде да најде, поточно да има тренер за периодот до крајот на сезоната, а потоа би се обидел да го врати Зидан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде