26-годишниот Даниел Ејткен од Брајтон, Велика Британија, пред само два месеца отворил компанија – и добро му оди.

Поранешниот градежен работник сега на работното место носи само заштитни ракавици, додека внимателно чисти и пере по туѓи куќи – гол како од мајка роден.

Даниел направил проста пресметка и сфатил дека никогаш нема да заработи доволно да купи куќа ако остане градежен работник. Размислува што ќе прави и на Фејсбук отворил страна која нуди професионални услуго како чистач. Вели дека е свесен дека тоа е прилично безначајна работа, но дека видел дека постои дупка на пазарот, па решил да се обиди. Услугите ги наплаќа по 30 фунти на час и е презадоволен.

“Пред само две седмици почнав да работам како гол чистач, а веќе сега е очигледен потенцијалот за заработувачка. Во една седмица исчистив шест куќи, и иако сум гол, не се чувствувам чудно”, рекол тој за “Daily Mail”.

“Досега сите мои клиенти се погрижија да бидат дома кога чистам, а знаат и да ме следат од соба во соба и да разговараат со мене додека чистам, што е во ред бидејќи сум добар мултитаскер”, вели тој. Вели дека се надева дека следните неколку години ќе заштеди доволно да изгради сопствен дом, бидејќи на основа на овие први две недели се надева дека работата ќе му оди и подобро. Признава дека има многу самодоверба, а досега го ангажирале подеднаков број на мажи и жени во средни години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде