Пет смртни случаи од грип се пријавени во изминатата недела, а две лица имале претходна хронична болест. Смртните случаи се регистрирани во Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово – стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Возраста на починатите е од 39-75 години. Кај три лица од починатите е изолиран вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип а. Со ова регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип во сезоната 2018/19, а лицата биле на возраст од 5 до 86 години, што е најмногу досега по 2009 година кога се појави Свинскиот грип и кога починаа 30-тина лица. Најголем

број од починатите лица се жители на подрачјето на Скопје 13 лица, 4 лица се од Охрид, по 2 од Кичево, Кавадарци, Делчево и Тетово, и по еден смртен случај е пријавен во Ресен, Крива Паланка и Валандово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде