Српската полиција трага по напаѓачот кој во четвртокот утрината пред зграда во Белград испука три куршуми кон 40-годишната Љубица Мичиќ, директорка на филијалата на една банка на Нов Белград.

Љубица, како што пишува Курир.рс, била згрижена во Ургентниот центар, затоа што куршумите ја погодиле во десната потколеница, но одбила на полицијата да ѝ даде детален опис на напаѓачот и да открие што би можело да биде мотив за нападот.

Истражувачите земал виде-снимка од сигурносните камери во околните објекти, но и изјави од сведоци, кои напаѓачот го опишале како чувек со крупна градба.

Истрагата, како што дознава Курир.рс, и понатаму води во два правци, но има се повеќе околности кои упатуваат дека мотивот е од лична природа.

И понатаму не се исклучува можноста дека банкарката ја дочекал незадоволен клиент. Меѓутоа, досега се собрани докази кои упатуваат на тоа дека Љубица најверојатно со некој приватно се има замерено. Се проверуваат контакти, но и нејзиниот љубовен живот, бидејќи искуството на полицијата вели дека жена која нема криминално минато вакви инциденти ѝ се случуваат секогаш од љубомора, без оглед дали е женска или машка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде