Тунискиот министер за здравство, Абдерауф Шериф, поднесе оставка откако единаесет новороденчиња починале од септички шок во родилиштето во главниот град Тунис.

Сите бебиња починале меѓу 7-ми и 8-ми март од последици од септички шок во туниското родилиште „Рабта“, објавија локалните медиуми.

Премиерот Јусеф Шехад изјави дека е отворена истрага против јавната болница „Рабта“, против фармацевтските тела и за хигиенските услови во болницата. Министерот за здравство, Абдерауф Шериф, оставката ја поднесува само четири месеци откако стапи на должноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде