Во Европскиот парламент во Стразбур ќе се оддржи 16-та средба на Заедничкиот парламентарен комитет, Европска Унија-Република Северна Македонија , кој ќе биде последен во овој состав на парламентот…Со него ќе претседаваат членот на македонскиот парламент, Горан Милевски и словенечкиот европарламентарец Алојз Петерле а во собраниската делегација се наоѓаат уште неколку пратеници од македонскот особрание…

– „Република Северна Македонија, покрај огромната енергија што ја вложи, како и големиот успех што го постигна во напорите за надминување на отворените политички прашања – Преспанскиот договор со Република Грција и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, во ниту еден момент не отстапи од реформската динамика и не дозволи дефокусирање на земјата од оваа агенда.“ – изјави Андреј Жерновски за Македонската Информативна Агенција…

На своите соговорници, Жерновски им порачал и дека се надева дека позитивните случувања ќе бидат објективно пренесени во наредниот извештај на Европската Комисија, „што ќе претставува основа за потврдување на одлуката од страна на Европскиот совет за конечен почеток на преговорите со Република Северна Македонија. …Европските пратеници пак од своја страна дале уверување дека на крајот на денешната седница ќе биде усвоена препорака за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде