Молбата на една загрижена мајка упатена кон студентките на универзитетот Нотр Дам во Индијана предизвика бурни реакции во јавноста.

Со желба да ги поттикне младите девојки да престанат да носат хеланки како панталони, таа напиша писмо со наслов “Дами, бидете пристојни” во кое ги наведе своите причини за тој потег, а предизвика сосема спротивна реакција од очекуваната, пренесува BBC.

“Јас сум католик и мајка на четворица синови со проблем кој единствено можат да го решат девојките: хеланки”, започна Марјан Вајт во своето писмо кое беше објавено во студентските магазини и во продолжение откри дека на тој потег се одлучила после неделната миса на кампусот во универзитетот на кој била со семејството.

“Ми беше срам поради младите девојки на мисата. Размислував за мажите околу нив кои не можат да си помогнат, а да не погледнат во нивните задници”.

Нејзиното писмо во краток рок предизвика реакции во јавноста, но не на такви какви што очекувала. Студентките од универзитетот одлучиле да организираат протест под името “Leggins Pride Day” и ги поттикнале и другите студентки од кампусот, без разлика на полот да протестираат во хеланки.Настанот беше организиран како протест против застарените сексистички клишеа со кои одговорноста за машкото однесување им се префрла на жените. Освен во кампусот, протестот одекна и на социјалните мрежи каде жените масовно споделувале фотографии на кои носат хеланки, а многумина од нив токму ова писмо ги поттикнало за првпат да облечат хеланки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде