Моделот Софија Хаџипантелис (22) секојдневно добива смртни закани на „Инстаграм“ поради своите густи и споени веѓи. Моделот е од Кипар, а се преселила во Лондон со надеж дека ќе го оствари својот сон да стане ова што е сега.

„Ги средувам веѓите, природно ми се темни, но не толку, малку ги потемнувам“, објасни Софија, која не се надеваше на успех поради густите веѓи. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 300.000 луѓе на кои им се допаѓа нејзиниот изглед.Нејзината мајка е вработена во модната индустрија и таа од малечка ја учеше дека негувањето на веѓите е многу важно, но Софија во одреден момент одлучи да престане да ги кубе веѓите. Дури ѝ даде име на едната од своите веѓи и ја нарече Вероника.Нејзината мајка е вработена во модната индустрија и таа од малечка ја учеше дека негувањето на веѓите е многу важно, но Софија во одреден момент одлучи да престане да ги кубе веѓите. Дури ѝ даде име на едната од своите веѓи и ја нарече Вероника.

Јас сум природна русокоса, а сосем случајно ги нијансирав веѓите во 2014 година и веднаш ми се допадна впечатливиот изглед“, рече Софија. Таа добива секакви пораки, од понуди за брак до смртни закани. Но, како што вели, од она што ѝ го зборуваат другите ништо не допира до неа.Никогаш не ја градев својата самодоверба врз основа на тоа како другите ме гледаат. Во училиште ме малтретираа поради облеката и родителите, кои беа имигранти и не зборувавме англиски“, рече Софија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде