Враќањето на Зинедин Зидан назад во Реал Мадрид не ги промени плановите на Лука Модриќ, кој е решен на крајот од сезонава да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Хрватот добил и ветување од Флорентино Перез дека летово нема да му биде блокиран трансферот во Интер како што тоа беше случај по СП 2018, а за ситуацијата е известен и Зидан, кој веќе ја почна потрагата по нов плејмејкер.

А според шпанските медиуми, Зизу веќе го избрал и наследникот на Модриќ, и тоа Миралем Пјаниќ од редовите на Јувентус. Како опција се споменуваше и Пол Погба, но неодговорноста на францускиот интернационалец е главната причина поради која Зидан гледа на Пјаниќ како на многу посериозна опција како главен организатор на играта на „кралскиот клуб“ за наредната сезона.

Јувентус го има проценето босанскиот интернационалец на 100 милиони евра, сума што може да биде намалена доколку Реал во „пакетот“ го понуди Марсело или пак Иско, фудбалери кои се наоѓаат на листата со желби на „старата дама“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде