Американските власти запленија 18,5 тони кокаин чија вредност е 500 милиони долари. Дрогата е запленета од 15 брода во источно-пацифичкиот регион, соопшти американската крајбрежна стража.

Во акцијата учествувале голме број чамци на Крајбрежната стража, а уапсени се 49 осомничени на кои ќе им се суди во Флорида.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведува дека кокаинот и понатаму е една од најкористените нелегални дроги во САД, каде се наоѓа и најголемата количина на кокаин во светот.

„Постојат загрижувачки податоци дека употребата и достапноста на кокаинот е во пораст во САД, првпат во последните 10 години“, се наведува во извештајот на Стејт департментот за глобалната трговија со дрога за 2017 година

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде