Најголемиот затвор во Англија и Велс има политика со поинаков пристап на рехабилитација на затворениците, со цел да им изразат почит како поединци.

Иако главната улога на затворот е да ги затвора и освести криминалците за лошото дело што го направиле, да се променат и да ја отслужат казната за стореното, овој затвор има и друга функција, пишува Daily Mail.

Полицајците и другите вработени во затворот првин мора да чукнат на врата пред влегување во ќелијата на затворениците. Ако дојде до ситуација или потреба за претрес, полицајците во тој случај имаат право сами да влезат.

Затворениците во затворот HMP Berwyn припаѓаат на Ц категорија, односно на група обвинети за кои најмалку се верува дека ќе се обидат да побегнат, но не може да им се верува во отворени затвори. Освен можноста за поседување клуч од нивната соба, затворениците во овој затвор имаат добро уредени и опремени теретани и простории кои личат на оние во студентските домови.

„Добивањето можност на сопствено опкружување има широк спектар на погодности за здравјето на луѓето во притвор и помага при создавање на чувството за место и идентитет. Овозможувањето на мажите во притвор да ги контролираат атмосферските услови како што се отворање на прозорци или вентилатори, контрола на греење и слично може да ги ублажи негативните ефекти од лошата состојба на атмосферата и да создаде чувство на самоефикасност“, стои во извештајот на Royal Institute of British Architects и Министерството за правда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде