Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска, на вчерашниот митинг во Кочани, повторно ги помеша градовите.

„Почитувани кочанчани, почитувана фамилија Јовановски, мојата свекрва е од Кичево, Јованова. Леле, извинете, од Кочани“, рече Силјановска.

Претходно на митинг во Неготино, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ присутните граѓани ги поздрави како „кавадарчани“.

Во меѓувреме таа стана и лингвист зборувајќи за нејзиното презиме.

Таа изјави дека тоа е така затоа што матичарите го згрешиле презимето.

-Во македонскиот литературен јазик е правилно Силјан штркот, или Силјановска,но понекогаш кога матичар го внесувале презимето на родителите, знаеле наместо лј да стават љ и вие сте должни тоа што е во личната карта да го кажувате. Да, во личната карта на моите родители е внесено љ наместо лј. Иако сите знаеме дека лј звучи чудно, но можеби е време тоа да се корегира – рече Силјановска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде