Џенифер Лопез, Лејди Гага и Карди Б ја запалија публиката на синоќешното доделување на наградите Греми.

Нивните настапи беа женствени, сензуални, секси, на моменти провокативни, но пренесоа една заедничка порака – моќта е во рацете на жените!

Најголемите музички ѕвезди и главни играчи во шоубизнисот синоќа се собраа за доделувањето на наградите Греми.

Аријана Гранде ја освои нејзината прва Греми награда откако имаше јавна расправија со продуцентот на шоуто околу тоа зошто повеќе не настапува на свеченоста. Гранде не се појави на доделувањето.

Лејди Гага, дојде, блесна и освои две награди – за најдобра поп соло изведба за „Joanne“, а нејзиниот хит „Shallow“ од нејзиниот прв филм „A Star is Born“ доби Греми за најдобра песна напишана за визуален медиум.

На црвениот тепих продефилираа класични свечени тоалети, но и екцентрични креации и комбинации што на моменти го вртеа вниманието од најважните награди во музичката индустрија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде