15 проценти од вкупната светска популација има проблем со алкохолот, излегува дека кај нас таа бројка е од 60. 000 до 80. 000 лица. А, ако се земе предвид дека алкохолизмот не е болест само на поединецот, туку е засегнато целото семејство, може да се каже дека од исто толку семејства имаат проблем со алкохолот. Нема проблем само на оној кој пие туку тоа е проблем на целото семејство. И на целото семејство му е потребно лекување, вели доктор Павлина Васкова.

Она што е карактеристично, според Васкова, е тоа што жените полесно развиваат зависноста од алкохол од мажите. Женскиот организам е послаб и штетното дејство на алкохолот ќе се покаже побргу и посилно отколку кај мажите, обајснува докторката.

Интересен е фактот дека во последниве години зависнички од алкохол се најчесто интелектуалки, со завршен факултет, и голем дел од нив се на високи позиции во општеството, во претпријатијата.

-Во минатото меѓу зависничките најбројни беа домаќинките, невработените и оние со завршено осмо одделение. Сега веќе не е така. Имаме неколку жени кои добро се покажале на работното место и се унапредени, но не можејќи тој притисок да го издржат почнуваат ексесивно да пијат. Кога се враќаат назад, на пониското работно место, тогаш нормално фунционираат. Најверојатно стрестот на работа е голем, и не можат да го издржат, забележува Д-р Васкова

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде