Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го засили нападот во наредниот преоден рок, а како едно од засилувањата се споменува Лука Јовиќ од Франкфурт, но очигледно францускиот стратег има и друга идеја.

Зидан сака да го врати Раул де Томас, кој е на позајмица во Рајо Валјекано, каде што игра одлично за екипата која се бори за опстанок во Ла Лига.

Овој 24-годишен фудбалер веќе втора сезона е на позајмица, но сега конечно би можел да добие шанса во Реал Мадрид.

Од друга страна, интерес за услугите на Де Томас постои од Бетис и Валенсија, но напаѓачот сака да остане во редовите на „кралевите“.Де Томас е дете на Реал, но во првиот тим никогаш не доби шанса, па на крајот на сезоната ќе треба да донесе конечна одлука за својата иднина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде