Toa што изгледаше како медиумска шпекулација сега доби официјална потврда – Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид!

На денешниот состанок помеѓуФлорентино Перез и бордот на директори било договорено враќањето на Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.

Попладнево сите спортски медиуми објавија дека работата е завршена и дека Зидан со сигурност ќе се врати во Реал Мадрид, а потврдата стигна пред неколку минути на официјалниот сајт на Реал Мадрид.

Зидан со Реал Мадрид со кој три години во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите сега потпиша договор на три години, до 30 јуни 2022.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде